Вести

Нај новите производи произведени во Херку се мотокарите од серија CONDOR со товарен капацитет - 10 тони и 12 тони и серија HERCU кои имаат товарен капацитет од 20 до 40 тони. Се произведуваат во различни висини на подигнување и имаат претежно висококвалитетни увозни компоненти и агрегати. Овие мотокари се единствени за Бугарија.

На своето учество на Меѓународен есенски технички саем - Пловдив во 2008 год, фирма  ХЕРКУ  повторно се претстави со нов модел мотокар од семејство HERCU -серијата со најголем товарен капацитет на нашата фирма. Изложениот мотокар е 16 тона со примена во тешката индустрија. Со овој мотокар фирмата го зацврсти своето водечко место на бугарскиот и источно европски пазар, како единствен производител на машини од оваа класа.

Благодарение на сопствената конструкторска активност од месец септември 2006 година  ХЕРКУ  пушти во производство нов уникатен мотокар не само за пазарот во Бугарија, туку и за другите земји. Станува збор за модел CONDOR 100.40 D, со кој компанијата се претстави на 63-иот Меѓународен саем на технологијата „Есен” 2007 во Пловдив и беше номиниран со диплома и златен медал. Тоj предизвика голем интерес од посетителите на саемот. Мотокарот ги комбинира во себе капацитетните можности на мотокарите од висока класа и сопствената вредност на мотокарите од средната класа. Ова дава посебни предности на овој модел на пазарот. Клиентите можат да го купат за 20% пониска цена од оние во индустриjата.