ХЕРКУ е една од десетте фирми во светот производител на мотокари и електрокари од 1.4 тони до 65 тони во согласност со барањата на секој клиент. Фирмата нуди целосна сервисна поддршка, продажба на рати, резервни делови за произведените машини и замена - стари за нови.
ХЕРКУ е првата приватна компанија производител на мотокари и електрокари во Бугарија и Источна Европа, основана е во 1991 г. во град Пловдив. Претпријатието се јавува како производителот коj што предлага наjширок спектар на мотокари и електрокари во однос на товарен капацитет и висината на подигнување. Со своите производи и услуги ХЕРКУ се обидува да обезбеди на клиентите рамнотежа меѓу функционалност, технички параметри, сигурност, брз сервис и најдобрата цена, обврзана со квалитет. Сите основни активности, како развој, производство и тестирање се извршуваат во ХЕРКУ.
ХЕРКУ обезбедува гаранциски сервис од 3 до 4 г. или од 3000 до 4000 моторни часови на сите свои машини со товарен капацитет од 1.4 до 65 т. и височината на подигнување од 2800 мм до 10 000мм.
Со мотокарите на ХЕРКУ Вие добивате:
1. Флексибилност во Вашата работа
2. Специјализација - при хомогена акција или определена работа
3. Пропорционалност - обезбедува еднаква пропуштувачка способност на сите единици во технолошкиот процес на Вашите активности
4. Паралелност - нуди истовремено спроведување на одделните делови на процедурата на произведување
5. Прав поток - осигурување на најкраткиот пат на движење на Вашето производство во сите фази и операции на процедурата за произведување
6. Ритмичност - рамномерно оптоварување на производствените капацитети
Сите видови кари се наградени со златни медали на престижни меѓународни изложби во 1991, 1994, 1996, 1997, 1999, 2001 и 2007 г.
Производствениот каталог е развиен со цел да се постигне разновидност и да се задоволат сите можни барања на нашите сегашни и идни клиенти.